Национален Совет
На 11 декември 2004-та во Центарот Сава во Белград е формиран првиот Националниот совет на македонското национално малцинство во Србија. 15 дена подоцна, на 26 декември во Панчево се одржа конститутивна седница и одтогаш, скоро две децении Националниот совет на МНЗ без прекин, неуморно работи на заштитата и унапредувањето на индивидуалните и колективните права на македонската национална заедница во Србија.
Симбол на Националниот совет на македонската национална заедница е шеснаесетзрачно златно жолто сонце, кое го сочинуваат осум поголеми основни и осум помали споредни сончеви зраци, непосредно поставени околу сончевиот диск. Краевите на основните и споредни сончеви зраци се поставени на истата кружница. Околу сончевиот диск постојат два прстена, а во нив десет плави листови на здравец.
Грбот на Советот е кружниот штит со црвеното поле. Во средината на штитот се наоѓа симболот на Советот, а на краевите е обрубен со златно-жолт прстен.
Знамето на советот е црвено поле во чија средина се наоѓа симболот на советот.
Празници на македонската национална заедница во Србија:
- 2. август – ИЛИНДЕН
- 8. септември – Денот на независноста на Р.Македонија
- 11. октомври – Денот на народното ослободително востание
- 11. декември – Денот на Националниот совет