По примерот на другите градов и Вршац доби библиотека на железничката станица наменета за патниците. Здружението „Креативна комуна“ од Вршац на своите сограѓани им подари полица за книги и списанија на железничката станица. Oваа иницијатива наречена ,,Книга за среќен пат“ има за цел да го афирмира читањето на книгите, особено кај младите.
Учество во овој креативен проект зеде и македонското здружениет „Вардар“ од Вршац, со донирање на книги во издание на Македонскиот информативен и издавачки центар, како и списанијата „Македонска виделина“ и „Ѕуница“, месечни списанија на македонски јазик.
Здружението и во наредниот период редовно ќе ги надополнува полиците со нови наслови, во оваа мала, необична библиотека.