Изложбата на традиционалниот и современ накит ,,Незаборав” на Ивана Стојановска Станковиќ ќе биде отворена во сабота, 17 декември од 19 часот во Манаковата куќа во Белград, која што е дел на Етнографскиот музеј. Изложбата има за цел да го претстави културното наследство преку афирмација на дел од збирката на накитот и ракописен материјал за кујунџилакот кој Христофор Црниловиќ го собра и остави во својата спомен збирка.
Традиционалниот накит кој поминал низ вековите, во оваа прилика е извор на инспирација за авторката, која изработува современ уметнички накит со техника на филигран. Во колекцијата наречена ,,Незаборав” Ивана ја отплеткува и ја транспонира традиционалната естетика и орнаментика на техниката на филигран, користејќи ја интуитивната сензибилност на графичкиот дизајнер за да ги поврзе минатото и сегашноста со сребрена нишка.
Во рамките на програмата на оваа изложба планирани се и работилници за филигран.
Ивана Стојановска Станковиќ е и единствената мајсторка на филигранот во овој дел од земјава, која се занимава со дизајнирање и изработка на накит. Накитот го изработува од сребро, полускапоцен камен проткаен со многу љубов. Ивана е дипломиран графичар, а за филигранот учеше во најдобрите македонски училишта, по Академијата за ликовни уметности во родното Скопје. Се усовршуваше и во Италија. Покртај тоа, Ивана е и наставничка и изведува настава за предметот Македонски јазик со елементи на националната култура во основното училиште ,,Коста Стаменковиќ” во Лесковац.