ВестиМакедонци во светот

Даниел Илиев по втор пат избран за градоначалник на град Херинген во покраина Хесе

Даниел Илиев, Македонец по потекло, од 1 јули го започнува својот втор шестгодишен мандат како градоначалник на германскиот град Херинген.

На 25.05.2022 Илиев положил заклетва за втор мандат, откако на 6 март освои 85.4% од гласовите. На крајот од најновата седница на градскиот парламент во градското собрание, првиот човек на градскиот совет Алфред Рост повторно го задолжи Илиев совесно да си ги извршува обврските и му положи заклетва. Првиот градски советник Јоханес Бaјер го предаде уверението за именување. Градските советници претходно едногласно го прогласија за валиден резултатот од гласањето во март. По церемонијата, Илиев ги презентираше проектите што беа започнати во изминатите шест години. /www.zentralratdermakedonen.de

Извор
Централен совет на Македонците во Германија

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button