,,Македонските обичаји во слики” се бојат во Лесковац, Качарево, Вршац и Нови Сад
Боенката ..Македонски обичаји во слики” пристигна во рацете на најмладите припадници на македоснкото национално малцинство во Лесковац, Качарево, Вршац и Нови Сад, во училиштата во кои што се учи Македонскиот јазик со елементи на националната култура како изборен предмет.
Боенките наскоро ќе бидат поделени и во училиштата во Јабука и Пландиште.
Проектот ,,Македонски обичаји во слики” на здружението Македониум е реализиран со помош на Буџетскиот фонд за национални малцинства и Министерството за просвета на Република Србија. Издадена е од страна на Македонскиот информативен и издавачки центар во Панчево. Замислата на проектот е да ја развива љубовта на децата кон традицијата, националната култура, јазикот. Изработена е од страна на младите македонски ликовни уметници Ирена Ѓукиќ и Синиша Новески од Белград.