Вести

Градоначалничката на Скопје во посета на Белград – Во двата града живеат братски народи, македонскиот и српскиот

На покана на градоначалникот на Белград, Александар Шапиќ, градоначалничката Данела Арсовска денес во службена посета на Белград, соопштија од Град Скопје. Оваа година е 10-годишнина од договорот за партнерство меѓу Скопје и Белград.

Договоривме конкретни проекти за кои верувам дека во следната година ќе имаме сериозна имплементација. Двата града работат интензивно на справување со предизвиците но и на споделување на позитивните практики. На средбата се разговараше на повеќе теми, меѓу кои и превземање на искуства со цел подобрување на јавните услуги како и конкретни активности за кои се договори оформување работни тела со претставници на двата града. Заедно со градоначалникот Шапиќ, договоривме и конкретна соработка на проекти од заеднички интерес, истакна Арсовска.

Белградскиот градоначалник доби покана да го посети градот Скопје и истакна дека во двата града живеат братски народи, македонскиот и српскиот.

Нашите два града се братски градови, и пред формалното збратимување во 2012 година. Наша обврска е да ги зајакнеме овие односи. Токму близината помеѓу нашите два народи треба да ни помогне да ја интензивираме нашата соработка, рече белградскиот градоначалник.

Тој додаде и дека токму овој близок однос помеѓу Скопје и Белград ја прави полесна и соработката.

Од сето ова треба да извлечеме бенефит и да ги искористиме искуствата на Скопје, а тие да искористат некои наши искуства и на тој начин да си помогнеме, истакна Шапиќ.

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button