ВестиОбразование

Лесковац ја започнува новата учебна година со голем чекор напред

На свечениот состанок на Фондацијата Македонски училишен центар, на 5-ти септември, по повод почетокот на училишната година, со гордост ја споделуваме радосната вест дека од оваа есен Лесковац е побогат за уште две училишта во кои е воведен изборниот предмет Македонски јазик со елементи на националната култура. Повеќе од 300 ученици ја прифатија оваа можност и со тоа станаа дел од големата заедничка мисија – зачувување и негување на мајчиниот јазик и културното наследство.

со членовите на Фондацијата Македонски училишен центар, наставничките и активистките во Лесковац


Овој значаен чекор претставува јасен доказ дека заеднички градиме иднина исполнета со знаење, љубов кон македонскиот јазик и посветеност кон зачувување на културниот идентитет.

Советот упати искрена благодарност до сите наставници, родители и ученици кои со својот ентузијазам и поддршка придонесуваат оваа приказна да се развива и расте.

  • Вашата верба и вложена енергија се нашата најголема сила и мотив за нови успеси“.
    Настанот по овој значаен повод беше збогатен со присуството на претседателката на
    Македонскиот национален совет Зорица Митровиќ, која со својата поддршка уште еднаш
    ја истакна важноста на образованието на мајчин јазик и охрабри младите генерации да ја
    негуваат сопствената културна и национална припадност.

Со ова започнуваме учебна година исполнета со надеж и визија за посветла иднина на
младите генерации во Лесковац и пошироко.

Прикажи повеќе

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button