Вести

Дипломатски прием по повод Денот на независноста на Македонија

По повод 8 Септември – Денот на независноста на Република Македонија, Амбасадата на Република Македонија во Република Србија на 3-ти септември организираше свечен прием во „Палатата на уметности – Мадлена“. Настанот беше достојно одбележување на еден од најзначајните датуми во поновата историја на македонскиот народ и држава, кој ја симболизира самостојноста, слободата и стремежот кон европска иднина.

На приемот присуствуваа бројни гости од политичкиот, дипломатскиот, бизнис и културен живот на Србија, меѓу кои пратеници од Народното собрание на Република Србија, претставници на Владата на Србија, како и претставници на дипломатскиот кор, деловната заедница, јавниот живот и претставници на македонската заедница во Србија. Меѓу присутните беа и претседателката на Македонскиот национален совет Зорица Митровиќ и секретарот Марјан Јованоски.

Во свечената атмосфера, приемот го збогати и присуството на високи претставници од Владата на Република Македонија, предводени од заменик-претседателот на Владата, г-дин Иван Стоилковиќ.

Свеченоста беше дополнета со богата уметничка и музичка програма, која ѝ даде посебен белег на вечерта. Присутните уживаа во изведбите на Ана Синицки, како и на Даниел Кајмаковски со неговиот бенд, кои со своите настапи придонесоа за срдечна и празнична атмосфера.

Приемот во Белград уште еднаш ја потврди важноста на 8 Септември како ден кога се слават независноста и државноста на Македонија, но и како можност за зајакнување на пријателството и партнерството меѓу македонскиот и српскиот народ.

Прикажи повеќе

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button