
Во организација на здружението Вардар од Качарево, по повод празникот Свети Kирил и Методиј, се одржа поетски маратон кој собра бројни љубители на пишаниот збор и почитувачи на македонската култура. Настанот се одржа под покровителство на Македонскиот национален совет, што уште еднаш ја потврди поддршката за зачувување и негување на јазичниот и културниот идентитет.

На манифестацијата присуствуваа околу 30 поети кои творат на македонски и српски јазик, со што уште еднаш беше истакната блискоста и заемното влијание на двете култури преку уметничкиот израз.

Присутните ги поздрави претседателката на Советот, Зорица Митровиќ, која во своето обраќање рече:
„Овој ден е симбол на нашата духовност, јазик и писменост. Светите браќа Ќирил и Методиј ни го подарија најмоќниот инструмент за зачувување на нашиот идентитет – азбуката. Нивната мисија не е завршена – таа продолжува преку секој стих, секој збор, секој напишан ред.
Овој поетски маратон не е само културен настан – тој е мост што ги поврзува народите преку заедничкото јазично наследство. Македонскиот и српскиот јазик се блиски, како што се блиски и нашите срца, традиции и стремежи. Преку поезијата, го одржуваме тој дијалог жив, го славиме нашето пријателство и заедништво.“

Настанот помина во топла и инспиративна атмосфера, исполнета со емоции, патриотизам и почит кон македонската и српската културна традиција.
