,,Гоцеви денови” по 16 пат во Врање

Во организација на Македонското здружение “Гоце Делчев”, а под покровителство на Македонскиот национален совет во Србија, свечено беше затворена традиционалната културна манифестација “Гоцеви денови“. Македонското здружение “Гоце Делчев” додели благодарници и дипломи на учениците кои учествуваа на конкурсот распишан на 4 февруари за цртеж, песна, расказ и видео материјал за ликот и делото на македонскиот револуционер Гоце Делчев. Награди беа доделени и на нивните ментори, наставниците во основните и средните училишта од Србија и Македонија.


– Го чуваме, почитуваме и промовираме ликот и делото на нашиот најголем револуционер во поновата македонска историја, Гоце Делчев. На тој начин, не ја чуваме само нашата историја и традиција, туку и нашиот национален идентитет со сите негови елементи. Обезбедуваме иднина на Македонците на овие простори, – истакна претседателката на Советот Зорица Митровиќ, отворајќи ја програмата.
На меѓународната културна манифестација “Гоцеви денови 2025” од Србија учествуваа ученици од: Основно школо “Гоце Делчев” во Јабука, Основното школо “Вук Караџиќ” во Врање, Основното школо Предраг Девеџиќ” во Врњачка Бања, и Основното школо “Јован Јовановиќ Змај” во Врање.
На меѓународната културна манифестација “Гоцеви денови 2025” од Македонија учествуваа ученици од: Општинското основно училиште “Лирија” во Тетово, Општинското основно училиште “11 Октомври” во Скопје, Општинското основно училиште “Лазо Ангеловски” во Скопје, Општинското основно училиште “Даме Груев” во Свети Николе, Општинското основно училиште “Страшо Пинџур” во Неготино, Општинското основно училиште “Кирил Пејчиновиќ” во Скопје, Општинското основно училиште “Љубен Лапе” во Скопје, Средното училиште “Раде Јовчевски Корчагин” во Скопје, Општинското основно училиште “Кочо Рацин” во Пехчево, и Општинската установа “Матична библиотека Кочо Рацин“ во Пехчево.



Комисијата на Извршниот одбор на Македонското здружение “Гоце Делчев” во Врање ги додели следните награди: (1) за филм од 3-7 минути за ликот и делото на Гоце Делчев наградата ја доби Општинското основно училиште “11 Октомври” во Скопје, (2) за песна-состав-есеј за Гоце Делчев награди добија – (2.1) Никола Георгиев трета година Средното училиште “Раде Јовчевски Корчагин” во Скопје, со ментор Тина Никодиновска, (2.2) од прво до четврто одделение – (2.2.1) Татјана Тасев, 9 години, од Општинското основно училиште “Лазо Ангеловски” во Скопје, (2.2.2) Каја Ангеловска, 9 години, од Општинското основно училиште “Лазо Ангеловски” во Скопје, (2.2.3) Мија Дујовска, 9 години, од Општинското основно училиште “Лазо Ангеловски” во Скопје, со ментор Марина Нанева, (3) за цртеж предшколско образование, награди добија (3.1) Офелија Карафилоска I-а одделение од Општинското основно училиште “Кирил Пејчиновиќ” во Скопје, со ментор Весна Бошковска, (3.2) Лина Мицевска од Општинското основно училиште “11 Октомври” во Скопје, со ментор Елисавета Шикоска, (3.3) Борис Трифун од Општинското основно училиште “11 Октомври” во Скопје, со ментор Весна Ненадовска, и (3.4) Стефан Пецевски од Општинското основно училиште “11 Октомври” во Скопје, (4) за цртеж од прво до четврто одделение награди добија: (4.1) Софија Захариеска, трето одделение од Општинското основно училиште “Лирија” во Тетово, (4.2) Мила Мицева трето одделение од Општинското основно училиште “Лазо Ангеловски” во Скопје, со ментори Екатерина Геговска и Светлана Јосифовска, (4.3) Јана Ристиќ од Општинското основно училиште “Лазо Ангеловски” во Скопје, (4.4) Силвана Орешковиќ од Општинското основно училиште “Љубен Лапе” во Скопје, со ментори Маја Младеновска и Елена Мигановска, (5) за песна и состав за Гоце Делчев награди добија: (5.1) Михаил Захариески, осмо одделение, од Општинското основно училиште “Лирија” во Тетово, (5.2) Бојана Јовчевска од Општинското основно училиште “Кочо Рацин” во Пехчево, со ментор Габријела Костадинова, и (5.3) Елена Коцева Општинското основно училиште “Кочо Рацин” во Пехчево.



Македонското здружение “Гоце Делчев” и Националниот совет упатија искрени честитки за сите учесници на наградниот конкурс за ликот и делото на Гоце Делчев во 2025 година, како и на сите присутни. Манифестацијата заврши со пригоден коктел и баници и колачиња од Македонките во Врање.