Информирање

20 ГОДИНИ НА НАЦИОНАЛНИОТ СОВЕТ - КУЛТУРА

Културата и нејзиното изразување, зачувување, негување, унапредување на наследството и јавното презентирање, се доживуваат како интегрална задача на македонската национална заедница. Областа на културата е прва област која што македонскиот народ во Србија, од моментот кога во 1991 година од конститутивен народ стана малцинство, ја препозна како област во рамките на која може да го зачува и негува својот национален идентитет.  Пред крај на деведесеттите години и до формирањето на Националниот совет, функционираа неколку драмски и рецитаторски секции, како и играорна и пејачка секција во Пландиште и во местата околу Панчево.

Најдолга традиција на функционирање во оваа област има македонско културно уметничко друштво ,,Васил Хаџиманов’’ кое што е формирано во далечната 1963 година во Јабука. Денес функционира како организација од посебен значај за македонската заедница во Србија и има повеќе од 50 членови.

Со формирањето на Македонскиот национален совет се стекнаа услови да се оформи и Националниот ансамбл за народни песни и игри, кои денес е регистриран како Центар за заштита и афирмација на македонската традиција и посебност ,,Тоше Проеки.’’ Ансамблот има издадено ЦД со преработка на неколку традиционални македонски изворни песни, а во подготовка е и второто ЦД. Формирано е и Друштвото на ликовни уметници Македонци во Србија- ДЛУМС, како и фондација за развој и зачувување на македонската култура ,,Македонско сонце’’ која што би требало да прерасне во Завод за култура, што е и најважна цел на Стратегијата за култура на Македонците на овие простори. Во рамките на одбележувањето на јубилејот 70 години од доселувањето на Македонците во Војводина, снимен е и документарен филм ,,Плодовите на еден даб’’ во продукција на Националниот совет. Во 2021 година реализирана е и прва театарска претстава на македонски јазик, која што во наредните неколку години се играше во речиси сите поголеми градови во Србија.

Во последните неколку години, во неколку градови на Србија се спроведувата манифестации кои што се прогласени за манифестации од особен значај за македонската национална заедница во Србија  ,,Денови на македонската култура’’ во Нови Сад, Белград и Ниш, Манифестација ,,Гоцеви денови ‘’ во Врање, Фестивал ,,Средба на гајдаџии – сличности и разлики’’ во Качарево, Меѓународен етно фестивал ,,Гравче тавче’’ во Јабука, фестивалот ,,Засвири запеј и заиграј’’ во Краљево, Во текот на целата година се реализираат и различни настани по повод одбележувањето на значајните датуми и празниците на македонската заедница во Србија, во организација или под покровителство на Националниот совет.

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Погледнте и
Close
Back to top button