ВестиИнформирањеКултура
ИМЕНУВАН НОВ ДИРЕКТОР НА МАКЕДОНСКИОТ КИЦ ВО СРБИЈА
На предлог на министерот за култура, за нов директор на Културно-Информативниот Центар на Република Македонија во Белград – Република Србија е именуван Васко Шутаров.
Шутаров дипломирал на Факултетот за политички науки во Белград, на насоката за дипломатија. Магистрирал во областа на правните науки и применета дипломатија на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и докторирал во областа политички науки на истиот универзитет. Бил советник во советот на Општина Гевгелија и пратеник во собранието на Македонија, а автор е на бројни научни трудови и книги.