ВестиКултураКултурна продукција на Македонците во Панчево

СНИМЕН СПОТОТ ЗА ПЕСНАТА „НЕВЕСТА ЖИТО ТРЕБЕШЕ“

Во месец јуни 2024 година, снимен е видео спотот за песната „Невеста жито требеше“ во изведба на Центарот за заштита на македонската посебност „Тоше Проески“, а под покровителство на Буџетскиот фонд за национални малцинства на Република Србија, Македонскиот национален совет и градот Панчево.

Снимањето на видео спотот се одвиваше според зацртаната динамика и во традиционално препознатлив македонски колорит, со учество на членовите на пеачката група, но и голем број на статисти и глумци. Спотот беше снимен и продуциран од страна на студиото „Танграм“ од Белград, додека инструменталната матрица ја подготви музичката група „Аманет“ од Македонија.

Официјална премиера на спотот беше промовирана на 30 јуни во 12 часот, на фејсбук профилите на Националниот совет и Центарот „Тоше Проески“, кој потоа беше превземен од страна на РТВ Војводина во рамките на емисијата Македонско сонце.

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button