ВестиОбразование

УЧИМЕ МАКЕДОНСКИ ВО ЈАБЛАНИЧКИ ОКРУГ

По завршувањето на учебната година кон крајот на месец јуни 2024 година во училиштата во Јабланичкиот округ (Лесковац и Богојевце) во кои се изучува Македонскиот јазик со елементи на национална култура, беа организирани настани на кои помеѓу останатото беше извршено доделување на дипломите и ваучерите за учениците кои завршуваат целосен циклус на изборниот предмет, завршувајќи 8 одделение, но и на учениците кои продолжуваат да го изучуваат македонскиот јазик.

Доделувајќи ги подароците, обезбедени од страна на Националниот совет на македонската национална заедница, членката на советот Ивана Цветковиќ и наставничките кои го предаваат македонскиот јазик Ивана Станковиќ, Сања Ристиќ и Јована Пешиќ, изразија голема благодарност за посветеноста во изучувањето на македонскиот јазик кон учениците кои завршија 8 одделение и им посакаа голем успех во понатамошното нивно школување. 

Со учениците кои го продолжуваат изучувањето на македонскиот јазик во основното образование, беше договорено продолжување на „заедничката дружба“ во новата учебна 2024-2025 година. Со насмевка беше констатирано: се гледаме во септември!

По повод завршувањето на изучувањето на македонскиот јазик со елемнети на национална култура, Македонска виделина преку наставничките Ивана Станковиќ и Сања Ристиќ ги запраша ученичките Петра Живковиќ и Милица Гајиќ да ги споделат своите искуства од часовите по македонски со читателите на Виделина.

Ивана: Петра како си задоволна од наставата? Ти ни се приклучи во шесто одделение, па научи ли нешто за овие три години?

Петра: Многу сум задоволна. Мојата помала сестра почна прва да учи македонски јазик. Разгледувајќи го учебникот посакав и јас да учам. Почнав во шесто ама за овие три години научив доста нови зборови,разбирам кога некој говори македонски само треба уште да вежбам да зборувам. Оваа година бев и дел од тимот од нашето школо на квизот во Ниш. Имавме многу добар резултат. Јас ,Милица и Лана освоивме второ место.

Сања: Милице колку долго го изучуваш македонскот јазик? И што ти се допаѓа најмногу?

Милица: Јас учам македонски од четврто одделение. Интересна ми е наставата. Преку игра и дружење учиме нови зборови и изрази. Наставничките се многу креативни. Се радуваме и на поклоните на крајот на школската година и за Нова година. Се чувствувам убаво и кога одам во Македонија и кога можам да се направам важна и јас да зборувам на македонски.

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button