ВестиИнформирање

Започна со реализација проектот  “Јазичен пејзаж на Македонците во Војводина”

Делегација на Националниот совет на македонската национална заедница во Србија, предводена од претседателката Зорица Митровиќ, а во придружба на секретарот Марјан Јованоски и претседателот на здружението Вардар од Качарево Сима Најдовски, оствари средба со професорките на Филозофскиот факултет на Универзитетот во Нови Сад, Валентина Соколовска и Биљана Радиќ-Бојаниќ.

На средбата професорките Валентина Соколовска и Биљана Радиќ-Бојаниќ, информираа дека добиле финансирање на проект за национални малцинства во делот на образованието од страна на покраинскиот секретаријат на АП Војводина за високо образование и наука, на тема присуство на македонскиот јазик во јавниот простор во Република Србија. Проектот “Јазичен пејзаж на Македонците во Војводина” е прв од ваков вид кој е финансиран од страна на овој покраински секретаријат а да го опфаќа македонскиот идентитет, во кој преку дадено позитивно мислење е вклучен Националниот совет од самиот почеток во месец февруари кога е поднесена конкурсната документација. Професорките во соработка со Националниот совет планираат заеднички активности во насока на реализација на проектот, како и соодветно пласирање на добиените резултати од истражувањето и зголемување на видливоста на префиксот „македонски“ во делот на науката и истражувањата во Војводина и Србија.

Претседателката на советот Митровиќ, изразувајќи задоволство од понудената соработка, истакна дека Националниот совет стои на располагање за сите наредни активности во рамките на наведениот проект, но и предложи заеднички настап во некој нареден проект со взаемен интерес и на тема од значење за македонската заедница во Србија. Притоа ги информираше соговорничките за областите на делување на советот во 4-те области на самоуправа, како и за планираните активности и проекти во наредниот период особено во употребата на мајчиниот јазик и писмо и образованието, што претставува нивен посебен интерес. 

Во рамките на средбата беше договорено организирање на заеднички настан со цел промоција на резултатите од спроведеното истражување по нивното комплетирање.

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button