Шах-инфо

СВЕТСКИ ШАМПИОНАТ 2024. ГОДИНА

Во денешниот текст ќе се осврнеме на претстоечкото светското првенство во шах 2024 година. За титалата ќе се борат актуелниот светски шампион Динг Лирен и предизвикувачот Гукеш Домарају од Индија.  Натпреварот е ќе се одржи во период помеѓу 20 ноември и 15 декември 2024 година, а локацијата допрва треба да биде објавена.

Ќе се игра на 14 изиграни партии, со тај-брејк доколку е потребно.

Партиите ќе бидат  лимитирани на 120 минути  за првите 40 потези, 60 минути за следните 20 потези и 15 минути за остатокот од играта, со зголемување од 30 секунди по потег, почнувајќи од 61. потег.

Доколку резултатот остане изедначен и после 14 партии, ќе се играат тајбрејк со побрза контрола на времето:

Во тој случај ќе се одиграат 4 брзи партии лимитирани на 25 минути и плус 10 секунди почнувајќи од потегот 1. Ако играчот постигне 2½ поени или повеќе, станува шампион.

Ако резултатот остане иѕедначен и поантака, би се одиграл мини-натпревар од две блиц партии, со временска контрола од 5 минути по страна и плус 3 секунди почнувајќи со потег 1. Ако играчот постигнал 1½ поени или повеќе , станува шампион. Доколку Блиц мини-натпреварот биде изедначен, би се одиграл уште еден мини-натпревар со исти услови за да се реши победникот на шампионатот. Пред секој мини-натпревар би се одржало ждрепка за да се одлучи кој играч ќе игра со белите фигури.

Во прилог се две интересни партии на наведените шахисти.

https://www.chessgames.com/perl/chessgame?

gid=2509872https://www.chessgames.com/perl/chessgame?gid=1971795



Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Погледнте и
Close
Back to top button