Бакрдан
Ова јадење спаѓа во традиционалните јадења во Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Бугарија и Турција.
Во качамакот може да се додаваат разни прилози како што се: сирење, пржена свинска маст, пржена сланина, џимиринки, кисело млеко, слатко млеко, шеќер и кајмак. Ова е вкусен бакрданик подготвен на Македонски начин.
- 1/2 кг пченкарно брашно;
- 1 л вода;
- 1 лажица сол (по вкус);
- 400 гр свинско месо;
- Масло;
- Вегета
Во тенџере со нелепливо дно ставаме водата и солта да зовриат. Потоа одкако водата ќе зоврие, го намалуваме шпоретот на најниска темература (како за готвење на пареа) и на сред го истураме брашното (важно е тоа да се наталожи на едно место на куп, наместо на сите страни. Најдобро би било да го ставите во сад, па од сад наеднаш да истурете на сред). Со дрвено сукало на сред од наталоженото брашно во водата правиме дупка. Оставаме да се вари на ниска температура 1 час без промешување.
Потоа, по 1 час го тргаме од огнот, поголем дел од водата веке ќе е извриена и смесата ќе е згустена, па со дрвено сукало или дрвена лажица со дружни движења го разбркуваме качамакот.
Во меѓувреме, месото го сецкаме на ситни коцки и во сд ги ставаме маслото (малку повеќе од вообичаено) и месото да се запржат. Ги додаваме зачините и пржиме додека месото да се зарумени и добро испржи. Го тргаме од оган и го вадиме месото во чинија, а маслото го оставаме во тенџерето. Земаме обична лажица и ја потопуваме во маслото и со неа црпиме од добро промешаниот бакардан и ставаме во чинија. Ја повторуваме постапката се додека има бакардан.
Одозгора го додаваме месото. Сервираме со сува пиперка и чаша јогурт или кисело млеко. За време на пости истото може да се направи со тоа што место месо, прижиме соја (околу 100 – 200гр) со таа разлика што пред пржење ја ставаме сојата да се свари пет минути за да омекне.