Отворена изложбата “Македонците во Албанија, идентитет, традиција, култура”
Во Штип се одржа изложба насловена “Македонците во Албанија, идентитет, традиција, култура”. Изложбата содржеше документи од архивите на САД, Австралија, Франција, Италија, Аргентина и Албанија за посебноста и идентитетот на Македонците од Албанија.
Изложбата беше подготвена од Васил Стерјовски, претседател на единствената македонска партија во Албанија – Македонска алијанса за европска интеграција. Пригодно обраќање при отворањето на изложбата имаа Васил Стерјовски и Ефтим Митревски.
На отварањето на изложбата присуствуваа гости од Република Македонија, активисти на Македонците од Албанија, Грција, Бугарија и Србија, пратеници од македонското Собрание, преставници од СМК, Матица на иселиниците, и други македонски здруженија.
Изложбата беше рамките на настанот по повод одбележувањето на 8-ми Ноември – Денот на ослободувањето на Штип и 75 години од крајот на граѓанската војна во Грција 1946-1949 година и дел од организација на Шестата средба на децата бегали од Егјеска Македонија, организирано од здружението на Македонците од егејскиот дел на Македонија „Мирка Гинова“ од Штип и Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија „Македон“.