КултураМакедонија

Поетските надежи од Балканот на „Струшките вечери на поезијата”

Учесниците на Петтиот балкански камп зас деца и млади „Ванчо Николески”, благодарение на воспоставената соработка со менаџментот и вниманието од страна на претседателката на Управниот одбор, професор д-р Елизабета Шелева, односно директорот Тодорче Тасевски, имаат прилика да проследат дел од манифестациите на светскиот поетски фестивал – “Струшки вечери на поезијата”, по нивени избор, вели во објавата на Фејсбук профилот Веле Митаноски, идејниот творец на Кампот „Ванчо Николески”.

Со тоа имаат можност да бидат во близина на светските поетски великани. Тоа е за нив голема инспирација и поттик за поетско создавање. Да им посакаме и тие, еден ден, да застанат на “Мостот на поезијата” со “Златниот венец“ во своите раце.

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button