БлогВести

20 години од Солунската агенда, која си остана само парче лист, без никаква реализација

Пред точно 20 години во грчкиот град Солун беше донесена таканаречената Солунска агенда на самитот одржан помеѓу тогашните членки на Европската унија и државите од таканаречениот Западен Балкан. Тогаш европските лидери едногласно донесоа декларација во која јасно и прецизно нагласија дека земјите од Западен Балкан имаат јасна европска перспектива, дека еден ден и тие ќе бидат полноправни членки на Европската унија, само мораат да ги исполнат таканаречените Копенхагеншки критериуми. Од тогаш до денес само една од државите во овој регион успеа да стане полноправна членка на Унијата. Хрватска стана членка пред точно десет години, во 2013 година, додека пак Белград, Скопје, Подгорица, Тирана и Сараево сеуште се во чекалната.

Станува збор за чекална во која не зе знае колку долго ќе се чека. Прво проблемот беше со земјите во регионот кои се всушност и денес многу далеку од исполнување на критериумите за членство во Европската унија, но денес овој проблем и дополнет со бројни нови проблеми. Европската унија е соочена со внатрешна политичка, институционална и безбедносна криза, на европскиот континент во тек е Украинската војна, Европската унија е соочена со голем број на мигрантски бранови кои поминуваат низ просторот и на Западниот Балкан, додека пак истовремено и граѓаните на ЕУ и граѓаните на Западен Балкан се се повеќе скептични во врска со проширувањето на Унијата, додека едните воопшто не посакуваат, вториве ниту очекуваат, ниту пак сметаат дека може некогаш да дојде до тоа.

Сепак актуелниот грчки премиер Киријакос Мицотакис одлучи да ги покани регионалните лидери и уште еднаш да ја афирмира идејата за европската интеграција на Западен Балкан. Иако се тоа сега делува навистина недостижно, барем во некое догледно време, идејата и понатаму е актуелна па на афирмацијата на идејата и на Солунската агенда не присуствуваат само регионалните лидери со домаќинот, туку и актуелната претседателка на Европската комисија.

Сето тоа изгледа бајковите, барем на малите екрани, или пак во медимумските извештаи, но реалноста е сосема поинаква, оптеретана со нестабилност, политичка, економска, безбедносна.

Реалноста помеѓу обичните граѓани е сосема песимистичка. Исполнета со реалните секојдневни проблеми, со високите трошкови за живот и неодржливоста на месечните примања, исполнета со политичката нестабилности и неизвесност, но исполнета и со современите безбедносни закани, кои не препознаваат граници, ами еднакво се опасни за сите граѓани, а посебни за оние во државите на Западниот Балкан, каде институциите на гарантираат скоро ништо, додека пак политичарита ја „играат единствената игра во градот“.

Така помина и оваа неформална вечера, со многу медиумски наслови и промоција на политичарите, но без суштествени и конкретни резултати за овдешните граѓани. Повторно без јасно утврдени мапи за европскиот пат, повторно без јасно утврдени смерници за европската интеграција, повторно со многу формални ветувања, ама без ниту еден конкретен одговор.

Така ќе поминат и наредните десет, ако не и дваесет години. Солунската агенда веројатно ќе ја доживее и својата трета полна деценија, ама без нејзино ефективно спроведување. Дотогаш има уште десет години, можеби некои ќе кажат дека работите ќе се променат, ама доколку се завртиме назад и погледнеме што сме направиле во изминативе 20 години, тогаш тешко е да поверуваме дека баш сега нешто ќе се промени или ќе промениме во наредните десет.

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button