ОСНОВНИТЕ ПИОН ФОРМАЦИИ
Во денешниот текст ќе се осврнеме на основните формацијии на пионите. Пион формација се дефинира ка поставувањето на пионите во меѓусобна или корелација со останатите фигури. Постојат различни пион формации, но во денешниот текст ќе се осврнеме на следните.
Затворена позиција
Оваа позиција се смета за затворена бидејќи сите централни пиони се блокирани и ниту еден од нив не е разменет. За оваа формација е карактериќно дека скокачите се генерално помоќни од ловците поради затворените централни позиции.
Отворена позиција
Оваа позиција се смета за отворена бидејќи централните пиони се разменети и централните квадрати се „слободни“. Треба да се напомене дека ловците се генерално помоќни на отворени позиции, бидејќи не се попречувани од централните пиони.
Дуплиран пешак – слаба позиција
Ова пион формација е пожелно да ја избегнете доколку играте со црните фигури, бидејќи пионите пред црниот крал се неповрзани, ова сугерира дека белиот треба да го нападне црниот крал со потег Qh5.
Слаба позиција – Дуплиран
E5-пешакот е слаб, бидејќи не може да биде заштитен со друг пион.
Изолиран пешак
Означениот пион на поѕицијата Д4 е во изолирана позиција, не е заштитен од друг пион, при што црниот има три пионски групации, а белиот две. Стратешка цел на белиот треба да биде да го нападне изолираниот пион. Ова се само неколку примери на слабости на структурата на пионот или структурни слабости. Целта е пионите да бидат меѓусебно поврзани, никако дуплирани или изолирани, бидејќи на тој начин на противникот му давате предност, но и од постојат изузетоци.