Монографијата на здружението ,,Вардар” од Вршац (2003 – 2020) промовирана е во Музејот на градот Вршац, во присуство на голем број членови на здружението, претставници од Македонската амбасада, Македонскиот национален совет, градот Вршац како и од македонските здруженија во Војводина и други здруженија од Вршац.
Програмата со носталгичните звуци на кавалот ја отвори поранешниот претседател на здружението Дарко Ристески. Актуелната претседателката Весна Мицевска Антал ги поздрави присутните и се заблагодари на претсавниците на градот Вршац и Македонскиот национален совет за подршката во издавањето на оваа капитално дело за работата и афирмацијата на Македонците во вршачкиот округ, како и тимот кој што работеше на нејзината подготовка и издавачот Македонскиот информативен и издавачки центар.
Стеван Србиновски, кој што е потпишан како автор на монографијата, истакна дека монографијата на здружението ,,Вардар”2003-2020 го претставува развојот на Здружението од основањето до 2020 година, со историски осврт на доселувањето на Македонците од различни краишта на Македонија во Војводина и нивната афирмација во Вршац и околијата. Опишано е како луѓето се доселувале во различни периоди и под различни општествени околности, наведувајќи имиња на истакнати поединци и фамилии и нивното учество во бројни настани во новата татковина. Понатаму хронолошки се опишани промените на општествените прилики од распаѓањето на СФРј па до 2020 и нивното значење за македонското национално малцинство, како и приказ на почетоците на организирањето на Македонците на овие простори.
Оваа книга е од големо значење за зачувување на македонскиот идентитет во многунационалната средина каква што е Вршац, затоа што се бави со претставување на јазикот, културата, обичаите, фолклорот и образованието на Mакедонците во Србија преку организирање на курсеви по македонски јазик, воведување на македонскиот јазик во службена употреба и воведување на предметот македонски јазик со елементи на национална култура во училиштата. Претставува преглед на работата на Здружението во еден период, обогатен со низ на манифестации, како што се: етно денови, македонски вечери, литерарно поетски денови, промоции на книги, фестивали на современи македонски филмови, изложби на уметнички дела, денови на македонската култура, презентации на македонското кулинарство, оживуавање и драмски игрокази на традиционални обичаи по повод на големите празници како што се Божик, Велигден, Илинден, Прочка…, учество на разни мултиетнички манифестации, посета на важни личности од Македонија, обиколка на културни споменици во Македонија, претставување на важни личности заслужни за работата на Здружението од основањето до денес, како и многу други активности, наброени хронолошки по датуми, а сéто тоа поткрепено сo низ на фотографии кои го дополнуваат овај преглед, со
што се негува и чува од заборав националниот и културниот идентитет, – истакна Ленка Стојановиќ.
Во рамките на програмата, беа прочитани и неколку извадоци од монографијата од страна на членките на тимот Ленка Стојановиќ, Љиљана Милојевиќ и Охридија Димитровска.
Свечено им се врачени книгте на членовите на здружението и поединци кои придонеле во подготовката на монографијата и работата на здружението во Вршац, како и на присутните колеги и соработници од македонските здруженија ,,Вардар” од Качарево, ,,Македониум” од Белград, како и на претседателот на Романскиот национален совет и вршачките здруженија на Чеси, Унгарци, Словаци и други.
Програмата ја затвори пејачката група ,,Исток 10” со сплет на македонски традиционални песни, а присутните ги поздравија и македоснката амбасадорка Михаела Веселинов и претседателот на Советот Борче Величковски.