ВестиМакедонци во светот
Актуелно

„Центарот на македонскиот јазик во Грција“ официјално регистриран од судските власти

„Центарот за македонски јазик во Грција“ објави дека официјално е регистриран како невладина организација (НВО) од страна на судските власти во Грција.

Хронологијата на овој историски настан за македонскиот јазик во Грција започнува со барањето за регистрација на организацијата, кое беше одобрено од страна на судот на 28 јули 2022 година. Одлуката беше објавена во Билтенот за судски одлуки и публикации на 7 ноември 2022 година.

Последните административни работи поврзани со регистрацијата беа завршени минатата недела, при што судот официјално го одобри и статутот на организацијата. Меѓу другото, Центарот за македонски јазик во Грција упатува јавна благодарност до адвокатот Кирос Спондис, за успешното окончување на целата постапка околу регистрацијата и впишувањето на нашата организација во судскиот регистар на невладини организации.

Заверен судски примерок од првата страница на Статутот на Центарот за македонски јазик во Грција

Во случајов станува збор за прва невладина организација во Грција, која директно ќе се грижи за македонскиот јазик и која законски е регистрирана од страна на грчките државни органи. Овој чин претставува де факто признавање на македонското говорно население во Грција.Воедно, значаен е и фактот што судската документација официјално ја наведува организацијата со нејзиниот назив на македонски јазик – при тоа користејќи го и македонското кирилично писмо.Одлуката на судот претставува прво официјално признавање на македонскиот јазик во Грција од државните органи после пописот на населението во Грција спроведен во 1920 година, кога ќе потсетиме дека македонскиот јазик бил наведен како јазик што го зборува дел од населението во одредени региони.Ваквото достигнување не претставува крај, туку почеток на кампањата за целосно признавање на македонскиот јазик во Грција. Затоа, Центарот за македонски јазик во Грција во наредниот период ќе се насочи кон исполување на своите цели од статутот, кои го предвидуваат следново:– изучување на македонскиот литературен јазик од страна на граѓаните на Грција, преку интернет-страница.– поддршка на заложбите за идно воведување на македонскиот литературен јазик како изборен предмет во јавните училишта (основни и средни) и универзитетите во Грција, кои се наоѓаат во регионите Западна Македонија, Централна Македонија и Источна Македонија и Тракија.– поддршка на заложбите за идно формирање на педагошки училишта/одделенија во рамките на постоечките универзитети во Грција за обука на наставници по македонски јазик, како и за изработка на наставни програми и наставни материјали.Ги повикуваме сите говорители на македонскиот јазик и неговите богати дијалекти во Грција, како и сите демократски ориентирани граѓани во државата, да ни се придружат во нашите напори за постигнување на соодветно и официјално признавање, кое сите ние го заслужуваме, соопштуваат од „Центарот на македонскиот јазик во Грција“.

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button