КултураОбразование

Марија Младеновска победник на Стиховизијата во Панчево

На осмата по ред Стиховизија, на која што учествуваат ученици од средните училишта во Панчево Марија Младеновска од Јабука го освои првото место во првата подкатегорија – рецитирање на поезија на јазиците на националните малцинства. Марија рецитираше на македонски јазик, а ја изрецитира најпознатата македонска песна ,,Македонско девојче”. Во оваа категорија се натпреваруваа уште неколку ученици, меѓу кои и Сташа Спасов, која рецитираше на македонски.

Марија со признанието и наградата

На натпреварот учествуваа вкупно 35 ученици, кои се натпреваруваа во рецитирање на странски јазици, додека од оваа година е воведена и нова категорија Стиховизија – Сликовизија – ликовен конкурс на тема илустрација на песна на странски јазик.

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button