Мината недела на Белградскиот саем се одржа нешто што воопшто никој не можеше да се очекува во нашиот регион. Впрочем три држави заеднички да организираат вински саем и така, преку иницијатива Отворен Балкан, македонската, српската и албанската држава да ги претстават своите автентични вина, добро познатите на светските вински карти. Тој настан на најдиректен начин ја покажа сета големина на иницијативата Отворен Балкан, огромните капацитети на проектот, но и сето тоа што придонесува за развој на ови три земји, за развој на нивните општества. Заедно со српскиот претседател и македонскиот и албанскиот премиер, на винскиот саем присутни беа и политичките лидери од Подгорица и Сараjево, само сеуште во улога на посматрачи на оваа иницијатива, додека пак од Приштина, сеуште ниту трага, ниту глас.
Ама на Приштина веќе во текот на саемот и беше испратена порака. И тоа не од било кој. Туку од стариот и добро познат булдожер на американската дипломатија, амбасадорот на САД во Белград, кој без „влакно на јазикот“ рече дека од огромен значај и за Приштина би претставувало нејзиното придружување кон Отворениот Балкан. И тоа го рече, ниту помалку, ниту повеќе, туку Кристофер Хил, па сега кој смета дека оваа порака има повеќе значења, нека проба да ги објасни, претстави.
Од друга страна, се појавија и медиумски натписи како српскиот претседател бил пијан, како демек ја шиканирал својата советничка, како сето тоа што го правел за време на винскиот саем било скандалозно. Ама таквите натписи се традиционални за нашиот регион. Посебно кај оние кои не гледаат блаконаклонето кон иницијативата Отворен Балкан. Наместо за сјајот на таквиот саем во регионални и европски рамки, наместо за достигнувањата во оквирот на иницијативата во овие турбулентни времиња на европско и светско ниво – баш тие, самопрогласените остроумни новинари пронајдоа интерес во тоа да го коментираат и анализираат однесувањето на српскиот претседател и тоа како комуницирал со својата соработничка – а да ги запрашаме кога веќе не посветија внимание – што мислат за дометите на винскиот саем, како го оценуваат досегашниот успех на Отворениот Балкан? Секако нивните одговори ни се значајни, кога се веќе така „остроумни“.
Ниту одредени македонски медиуми не останаа покусо. Веќе го нападнаа македонскиот премиер за организирање на македонска вечер во Белград. Замислете? Го напаѓаш премиерот затоа што на државна сметка организирал коктел на кој се промовираат македонските производи кои ги произведуваат македонски приватни компании. Замислите до каде е стигната оваа остроумна новинарска струка, или да бидеме попрецизни, некои остроумни новинарчиња. Да не беше така – ќе се напаѓаше дека македонските власти не ја промовираат македонската храна, македонското вино, македонските специјалитети, не ја користат придавката македонски, ама кога сето тоа беше сторено во Белград, на саемот каде што своите вина ги претставија и бројни светски винарии – тогаш нападот повторно следува, ама сега од различна страна. Демек се трошат парите на македонските даночни обврзници.
Ама сето тоа што го пишуваат медиумите е всушност рефлектирање на традиционалниот дискурс во нашиот регион. На дискурсот за кој нема место во иницијативата каква што е Отворениот Балкан. Затоа што Отворениот Балкан е тој кој што почнува да ги руши сите постоечки бариери, затоа што станува збор за иницијатива која најпрвин го бара најмалиот заеднички именител, а потоа делува. Таа е баш сето тоа што го немавме до сега. Таа е баш сето она што се втемелува на заедништвото, наместо на разликите, на иднината, наместо на минатото, на развојот, наместо на назадувањето, на подоброто утре, наместо на тажната денешница.