ВестиМакедонија
„За Скопје со срце од целиот свет“
По повод одбележувањето на 59-годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје, вчера во Младинскиот културен центар (МКЦ) се отвори изложбата „За Скопје со срце од целиот свет“ на авторката Зоја Богдановска. Изложбата е во организација на Град Скопје од каде велат: „ Одбележувањето на овој ден е потсетник за сите нас за трагедијата од која повторно се родил градот Скопје, кој во својата долга историја повеќе пати бил жртва на природни катастрофи“. Пред присутните се обрати градоначалничката, Данела Арсовска.
фото: КИРО ПОПОВ