БлогВести

Отворен Балкан на Охридското езеро

Повторно балканските лидери се сретнаа на Охридското езеро, во балканскиот Ерусалим, уште еднаш да ја потврдат регионалната соработка, спремноста за нејзино продлабочување, но за жал сеуште не во полн состав. Тука беа лидерите од Сараево и Подгорица но во својство на посматрачи, додека пак Приштина продолжува како непослушно дете да ја одбива соработката во рамките на Отворениот Балкан, без притоа ниту еден релевантен аргумент зошто тоа го прави. Ама затоа пак Скопје, Белград и Тирана сложно продолжуваат напред, во интеграцијата, соработката, помирувањето.

Од другата страна Приштина наместо да ја прифати подадената рака од Белград и со огромен чекор зачекори кон Отворениот Балкан, тие се занимаваат со прашања заради кои и самите се свесни дека не можат ништо да добијат, освен да останат таму кај што се – ниту на небо, ниту на земја.

Ама можеби времето ќе ги промени нештата. И онака направен е огромен чекор. Станува збор за прва регионална автентична иницијатива, која не претпоставува само регионална соработка на меѓудржавно ниво, туку еден огромен чекор напред – креирање на единствен пазар по аршините на единствениот пазар на Европската унија.

И сега да се запрашаме: зарем има нешто подобро за граѓание на овие три земји од можности слободно да патуваат, работат, тргуваат и соработуваат? Да го доживеат европскиот сон, за почеток, на регионално ниво? Зарем тоа не треба да биде суштината на нештата – подобриот живот на граѓаните? Ама последното прашање го оставаме во рацете на политичките елити од Приштина, Подгорица и Сараево, затоа што единствено тие се занимаваат со многу прашања – ама со многу малку одговори, и тоа конкретни.

Во секој случај, Западниот Балкан во екот на украинската војна покажа дека созреал. Дека политичарите ја разбрале реалната потреба за развој, но и регионалната соработка како предуслов за било каков напредок. Затоа што ако не успееш со соседите да бидеш добар, тогаш како да оечкуваш да те почитува некој друг, таму негде подалеку од твојот сокак? Во овој случај оние во Берлин, Лондон, Париз, Москва, Брисел, Вашингтон…

Но по се изгледа дека и тие почнаа да ја разбираат позитивна страна на Отворениот Балкан. Учеството на Габриел Ескобар од Стејт департментот, американскиот амбасадор во Белград Кристофер Хил, како и Оливер Вархеји од Европската унија на денешниот самит на Отворениот Балкан доволно кажува како се одвиваат работите, дали е нешто навистина приметено и како всушност Брисел и Вашингтон гледаат на оваа иницијатива, дали ја осудуваат, како некои велат, или всушност и тие сметаат дека станува збор за добар проект кој само може да придонесе за граѓаните и државите, а и за европскиот пат на регионот. Затоа што Европската унија не е само цел која треба да се достигне, туку начин на живот, вредносен систем, економски стандард кој треба да се имплементира, односно достигнување на услови за живот какви имаат граѓаните во Германија или во земјите Бенелукс. А тоа се многоструко подобри од оние кои ги имаме ние денес.

И тука секој обид за делегитимизирање на Отворениот Балкан е автоматски безуспешен. Затоа што се работи за проект со чисто економска позадина и без никаква политичка агенда која је надвор од рамките на основната идеја – отворен пазар за креирање на подобри услови за живот, за секој граѓанин, засега само за граѓаните на македонската, српската и албанската држава, додека пак оние во Сараево, Подгорица и Приштина ќе почекаат малце, сепак нивните лидери треба малку да се молат, да се убедуваат за да разберат дека всушност се е во интерес на нивните граѓани – ако воопшто нивната политичка агенда е втемељена за таа цел.

И тоа е тоа, работиме на остварување на сонот, ама сеуште не сме единствени – ќе ни требаат уште неколку чекори, ама доколку сме упорни не сме тако далеку од целта – само ни е потребна волја, храброст и искреност, пред се во рамките на политичката елита.

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button