БлогВести

Војната во Украина и балканските игри

Светот одеднаш е во шок. Никој ова не го очекуваше. А можеби не го очекуваа ниту најблиските соработници на рускиот претседател Владимир Путин. Но сепак тој се одлучи, пресече, и ја започна, како Москва тврди, таканаречената специјална воена операција за пацивизирање и денацификација на украинската држава, додека пак останатиот дел од светот отворено говори за руска агресија над суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина. И одеднаш настана хаос. Европските сојузници цврсто ги испорачаа големите санкции против руската држава, со цел максимално да је ослабат руската економија, додека пак, евро-атлантските сојузници, во форматот на НАТО, иако се единствени, се чинат, освен директно да и помогнат на Украина. Тврдејќи, барем како истакна американскиот претседател Џозеф Бајден, дека тоа би водело кон Третата светска војна.

И така Украина и украинскиот народ цврсто го држат отпорот во однос на јаката руска војска и на секој можен начин се обидуваат да ја сочуват својата независност, додека пак, од другата страна, Путин јасно порачува – нема да одстапиме додека не ја завршиме операцијата. Само што до ден денес никому не му е јасно како изгледа пацивизирана и денацифизирана Украина. Дали тоа значи само нејзин воен неутрален статус, или вклучува и соборување на актуелната власт и „инсталирање“ на ново украинско државно раководство кое конечно ќе престане да „кокетира“ со западните сојузници, и во НАТО и во ЕУ.

Меѓутоа, вистината е таква да работите воопшто не се така симпатични. Економија на регионално, европско и глобално ниво се повеќе “трепери“, додека пак светските берзи бележат огромни осцилации, промени, својствени низ историјата, на периоди пред големи потреси, или големи војни.

Како и да е, после десет дена од почетокот на руската агресија, односно како Мосва вели, специјалната воена операција во Украина, никој нема јасна претстава за тоа во кој смер се движиме. Дали се спремаме за големи воени дејствиа, или пак се спремаме за новокомпонирани светски поредак во кој распоредот на моќта никој не знае како ќе изгледа.

Сепак, на Балканот се продолжува традицијата, додека пак старите непријателства одеднаш ги будат своите јаки духови и ја користат максимално секоја прилика да нападнат, па макар тоа било и на сопствена штета.

Така бројни политичари од Загреб и Приштина не пропуштија ниту една прилика да го осудат својот сосед Белград дека соработува блиску со Москва, дека всушност Србија е спремна да изведе слична операција во Република Српска во БиХ и дека Албанците на Косово и Метохија се повторно загрозени имајќи ги во предвид нивото на соработка помеѓу Србија и Русија на воен план. И сето тоа се јавно говори, не само во регионот, туку и на добро познатите телевизиски канали во Лондон, без притоа ниту еден документ кои би бил на страна на одбрана на една таква теза.

Точно е, Србија за разлика од другите соседи на Западниот Балкан не воведе санкции кон Руската федерација – ама исто така не се спротистави на меѓународните и европските резолуции во кои се осудува руската агресија врз Украина. Зарем тоа не говори доволно, имајќи ги во предвид традиционалните односи помеѓу Москва и Белград, имајќи ја во предвид зависноста на Србија од рускиот гас. Зарем не е доволна осудата, зарем тоа не е доволно а да се протолкува – во ред, и Србија се спротиставува на руската агресија, ама ете, во овој момент е реална, а истовремено економски немоќна, да воведе санкции какви воведоа бројни европски метрополи.

И зошто сега од тоа да се прави регионален проблем. Зошто од тоа прашање да се прават нови регионални нетрпељивости кога и онака сите се ссочуваме со истите нови проблеми. Како понатаму, како да се креира одржљива економија, како да продолжиме со економскиот регионален раст во такви услови. Па тоа се прашања кои ги засегаат и Белград и Загреб, и Приштина и Подгорица, и Тирана и Сараево. Зошто да креираме вештачки несогласувања кога сите имаме еден единствен проблем, кога сме сите свесни дека европската економија е на ивицата на пропаѓање. Зошто да се не занимаваме со прашањето како понатаму? Зошто можеби да не пробаме да направиме некој заеднички концепт – макар за одржљивост, ако веќе не можеме да се додатно унапредиме?

Зарем и во овој меѓународен проблем треба да излеземе како губитници? Зарем и сега треба уште еднаш, после скоро триесет години, да заборавиме она што ни е заедничко, најмалиот заеднички именител, она што не обединува – и традиционално да продолжиме по линијата на поделби, па макар она не водила и до сопствено истребување, на секое ниво.

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button