Култура

,,Ветерот во тапетите” се раздува и во Вршац

Првата, и за сега единствената театарска пртетстава на македонската заедница во Србија ,,Ветер во тапетите” одиграна е и во Културниот центар на Вршац, во организација на македонското здружение ,,Вардар” од Вршац и Форумот на млади Македонци во Србија.

Пред почетокот на претставата на присутните им се обратија и членот на градскиот совет во Вршац др Трајан Качина, директорот на Културниот центар Давор Стојковиќ и претседателката на Форумот Зорица Митровиќ. Во своите обраќања тие ја пофалија добрата соработка помеѓу градот Вршац и неговите институции со македонското здружение ,,Вардар” кое е носител на сите активности во областа на културата и образованието на македонски јазик во Вршац и изразија желба за нејзино продолжување и унапредување.

Претседателката на Форумот Зорица Митровиќ се заблагодари на гостопримството и истакна дека претставата е правена со цел да биде дел од редовната годишна програма на сите македонски здруженија во Србија и помогне во промоцијата и афирмацијата на македонскиот јазик и културата, но и да ја поттикне соработката со културните установи во градовите каде што делуваат.

Присутните не го криеја своето одушевување од претставата, и ги награди актерите Зоран Митровиќ и Немања Симиќ со долготраен аплауз, а претседателката на здружеието ,,Вардар” во знак на благодарност им подари и симболични подароци. Договорено е и уште едно играње на претставата во пролет.

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button