МАК Инфо ПродукцијаШах-инфо

ШАХОВСКА ОЛИМПИЈАДА 1972

Во денешниот текст е подсетник на шаховската олимпијада одржана во Скопје во 1972. година. Пред точно 54. години во Скопје беше одржана шаховската олимпјада на која учествувале најзначајните имиња на тогашната шаховска сцена:Тигран Петросјан, Виктор Корчној, Василиј Смислов и Михаил Тал, додека во составот како резерва бил и младиот Анатолиј Карпов, кој неколку години подоцна ќе стане светски шампион. Инаку, натпреварувањето траело до 13 октомври. Истовремено се одржала и 5. Женска шаховска олимпијада, што дополнително го зголемило значењето на настанот. На машката олимпијада настапиле 63 репрезентации со 373 шахисти, меѓу кои десетици велемајстори и интернационални мајстори. Женската конкуренција исто така била значаен дел од настанот. На неа учествувале 23 репрезентации и 69 шахистки, а натпреварите се одржувале паралелно со машката олимпијада.За натпреварите биле обезбедени посебни простории во Скопје, приспособени за големиот број учесници и партии.

Сребрениот медал од олимпијадата.

Таксената марка – доказ колку беше сериозно сфатен и организиран настанот.

Очекувано Совjетската репрезентација ја освои Олимпијадата, продолжувајќи ја својата доминација во екипниот шах. Особено впечатлив бил настапот на Михаил Тал, кој на првата табла освоил 14 од 16 можни поени.

Интересен детал од Олимпијадата е отсуството на Боби Фишер. Американецот само неколку месеци претходно ја освоил светската титула победувајќи го Борис Спаски, но не настапил во Скопје. Според историските записи, Фишер барал посебни услови за своите партии, вклучително и одделна сала, но неговите барања не биле прифатени, според мене ОПРАВДАНО.

Добар настап имаше Jугословенската репрезентација, за која играле некои од најдобрите шахисти од тогашната држава, пред се Љубомир Љубојевиќ. Во прилог се некој од најзначајните шаховски партии:

Карпов – Елдис Артега, ремек дело на Карпов, на противникикот силцлијанскта одбрана не му помогна.

Љубомир Љубојевик – Јаиме Емма, “Nimcovih defense”

Михаил Тал – Јан Тиман, експресна победа на Тал

Прикажи повеќе

Поврзани објави

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button