46. ШАХОВСКА ОЛИМПИЈАДА

Во денешниот текст, но и во наредниот период освртот е на 46. шаховска олимпијада која се во Самарканд (Узбекистан) и ќе трае од 15 до 27 септември 2026 година. Овогодинешната олимпијада е рекордна со околу 400 пријавени репрезентации (над 200 во општа и речиси 200 во женска конкуренција). Мало појаснување, општа конкуренција се однесува на микс екипи сосатвени од шахисти и шахистки. Репрезентацијата на Индија ја брани титулата во двете категорији.
Се игра според Швајцарскиот систем во 11 кола, при што се игра 4 на 4 со една резерва. Екипите со сличен резултат се соочуват во следното коло. Шаховската олимпијада не е еден меч помегу двајца шахисти, туку секоја репрезентација праќа по 4 шахисти, плус 1 резерва. Бодувањето на партиите е следно: победа 2 поени, реми 1 поен, пораз 0 поени. Партиите се играат според следните правила: 90 минути за првите 40 потези, 30 минути до крај, плус 30 секудни за секој потег.
Шаховската олимпијада е значителна поради следните причини:
1. Се игра на репрезентативно ниво, шахистите ја представуваат својата држава.
2. Не е доволна игра на еден поединец, туку битни се сите 4 табли.
3. Присуство на шахисти од различни континенти (различни шаховски школи).
Инаку што се однесува до историјатот на шаховските олимпијади, се уште најуспешен е поранишниот СССР со вкупно 19 златни медали. За СССР настапувале Василиј Смислов, Михајл Ботвиник, Михајл Таљ, Тигран Петросјан, Анатолиј Карпов, Гари Каспаров и др. Најуспешен шахист на сите времиња е Тигран Петросјан со вкупно освоени 9 златни медали.
Во прилог је една интересна шаховска позиција




