GRAND CHESS TOUR 2026

Во денешниот текст освтот е на финалниот “Grand chess” турнир кој се оджал во период од 21. – 28. август во Сент Луис, Америка. Прагнананда Рамешбабу го освои турнирот откако надомести дефицит од шест бода против фаворизираниот Фабијано Каруана и победи со 15–13. Се квалификувале само четворица најдобро рангирани во генералниот пласман на серијата Grand Chess Tour, при што се играше според нокаут систем. Фондот на турнирот изнесуваше 450.000$, на првопасираниот му припадна награда во износ од 200.000$, второпласираниот 125.000$, а на третопласираниот 75.000$.
Се играше според следниот распоред:
- 2 Класични партии (се играа во првите два дена од дуелот)
- 2 Рапид (забрзани) партии (се играа на третиот ден)
- 4 Блиц (брзопотезни) партии (се играа исто така на третиот ден, веднаш по рапидот
Финалниот распоред е следниот:
1-во место: Прагнананда Рамешбабу
2-ро место: Фабијано Каруана
3-то место: Везли Со
4-то место: Винсент Кејмер

Прагнананда Рамешбабу
Во прилог се две од поинтересните партии од турнирот, Каруана се определил за Лондонски систем.

Caruana,Fabiano (2792) – Praggnanandhaa R (2750) – 25.08.2026. Saint Louis

Keymer,Vincent (2767) – So,Wesley (2765) – 25.08.2026. – Saint Louis, нестандардно отворање.



