ВестиКултура

Кичево ја продлабочува соработката со Македонците во Република Србија

Заедно ги чуваме корените, традицијата и македонскиот дух

Градоначалникот на Општина Кичево, д-р Александар Јовановски, оствари средба со претставници на Здружението за заштита и негување на обичаите на Македонците во Србија.

Средбата беше можност за искрен и пријателски разговор за активностите на Здружението, но и за она што нè поврзува – зачувувањето и негувањето на македонските обичаи, традицијата, културното наследство и националниот идентитет на Македонците кои живеат во Република Србија.

Посебно внимание беше посветено на можностите за продлабочување на соработката, културната размена и реализацијата на заеднички активности и проекти кои ќе придонесат за поголема поврзаност и промоција на македонската култура и традиција.

Градоначалникот д-р Александар Јовановски ја истакна важноста од негувањето на врските со Македонците надвор од границите на нашата држава, нагласувајќи дека корените, јазикот, традицијата и културата се вредности кои треба со љубов да ги чуваме и да ги пренесуваме на идните генерации.

Општина Кичево останува отворена за поддршка на иницијативи кои придонесуваат кон зачувување, негување и афирмација на македонскиот јазик, култура, традиција и обичаи.

Средбата помина во топла, пријателска и конструктивна атмосфера, со заедничка желба за уште поголема соработка и поврзаност во иднина.

Нашите корени се нашата сила. А традицијата е жива кога ја споделуваме, ја негуваме и ја пренесуваме со љубов.

Прикажи повеќе

Поврзани објави

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button