KARPOV VS KASPAROV

Ривалството меѓу Анатолиј Карпов и Гари Каспаров се смета за најголемото ривалство во историјата на шахот. Како и секогаш и политика беше вмешана, Карпов беше миленик на старата Совјетска гарнитура, а Каспаров на реформистите.
Две различни шаховски филозофии
Анатолиј Kарпов – светски шампион (1975 – 1985, 1993 – 1999)
- „позиционен гениј“
- мајстор на трпение и прецизност
- постепено ја зголемува предноста
- исклучителен во завршници
- стил: контрола, техника, стратешко притискање
Карпов често победуваше така што противникот полека се наоѓаше во полоша позиција без да сфати кога ја изгубил контролата.
Гари Каспаров – светски шампион (1985 – 1993 – ФИДЕ, 1993 – 2000 – ПЦА)
- „динамичен гениј“
- агресивен стил
- огромна подготовка во отворања
- бараше иницијатива и напад
- стил: енергија, тактика, притисок
Каспаров играше шах како борба — секогаш бараше начин да го натера противникот да направи грешка.
На википадија и АИ се презентирани неточни податоци според кои Каспаров беше светски шампион 15 години, податокот не е точен бидејки само титулата на ФИДЕ се смета како релевантна, а ПЦА асоцијација беше создадена од страна на Гари Каспаров и Најџел Шорт во 1993. година.
Пет мечеви за светската титула
Од 1984 до 1990 година играа пет големи мечеви:
- 1984 – мечот прекинат, Карпов беше во фаворти позиција
- 1985 – Каспаров ја освојува титулата
- 1986 – Каспаров ја брани титулата
- 1987 – реми 12:12, Каспаров останува шампион, според тогашните правила доколку резултат бил изедначен, шампионот ја одбранил титулата
- 1990 – Каспаров повторно победува
Од 1993. година Каспаров се повлече од ФИДЕ настапите и настапуваше во оквир на ПЦА шаховската федерација, а Карпов повторно ја превзеде титулата.
Вкупно: 144 партии за светската титула.
Биланс:
- Каспаров: 21 победа
- Карпов: 19 победи
- Реми: 104
Во прилог се 3 интересни партии:

Партија бр. 1 – Карпов – Каспаров – 1984. година – Москва (Quenn gambit – kontra gambit)

Партија бр. 10 – Карпов – Каспаров – 1990. година – New York (Queen gambit – King indian defense)

Партија бр. 30 Карпов – Каспаров – 1984. година – Москва – (Petrov defense)



