МРТВ со директен пренос од Свечената академија по повод јубилејот „80 години од доселувањето на Македонците во Војводина

Македонската радио-телевизија (МРТВ) ќе врши директен пренос од Свечената академија по повод одбележувањето на големиот јубилеј – 80 години од организираното доселување на Македонците во Војводина, која се одржува во организација на Македонскиот национален совет.
Гледачите во Македонија и ширум светот ќе имаат можност во живо да ја проследат оваа значајна свеченост посветена на генерациите Македонци кои во изминатите осум децении го граделе својот живот во Војводина, истовремено зачувувајќи ги јазикот, културата, традицијата и националниот идентитет.
📺 Сабота, 30 мај
🕔 17:00 часот
📡 Директен пренос на Македонската радио-телевизија
Настанот ќе може да се следи во живо и преку YouTube каналот на Владата на Република Северна Македонија:
▶️ https://www.youtube.com/@VladaMK
Свечената академија ќе собере бројни гости од Србија и Северна Македонија, претставници на институции, културни организации и македонски здруженија, со цел достоинствено да се одбележи еден од најзначајните јубилеи во историјата на македонската заедница во Србија.
Не пропуштајте ја можноста да бидете дел од овој историски настан.



