
На покана на Н.Е. Андреас фон Бекерат, амбасадор на Европската Унија во Република Србија, претседателката на Македонскиот национален совет, Зорица Митровиќ, присуствуваше на свечениот прием по повод Денот на Европа, кој се одржа во Музејот на современата уметност во Белград.
Настанот собра бројни претставници на дипломатскиот кор, државните институции, меѓународните организации и јавниот живот, создавајќи можност за размена на мислења и продлабочување на соработката во духот на европските вредности.


За време на приемот, претседателката Митровиќ оствари повеќе средби и разговори со претставници на дипломатски мисии и институции, при што беше истакната важноста на меѓусебното почитување, културната разновидност и унапредувањето на правата на националните заедници како значаен дел од европските принципи.
Присуството на Македонскиот национален совет на овој настан претставува уште една потврда за неговата посветеност кон градење партнерства и афирмирање на македонската заедница во Република Србија.



