Вести

80 години од доселувањето на Македонците во Војводина

На 9-ти февруари се одржа работна средба во Покраинската влада на АП Војводина со претседателката на Покраинската влада Маја Гојковиќ, на која присуствуваа и потпретседателот на Владата задолжен за национални малцинства Томислав Жигманов и покраинскиот секретар за образование, прописи, управа и национални малцинства Роберт Отот.

Македонската делегација ја предводеше претседателката на Македонскиот национален совет Зорица Митровиќ, а во составот беа и амбасадорот Никола Тупанчески, директорот на Македонскиот информативно-издавачки центар Озрен Симјановски и секретарот на Советот Марјан Јованоски.

На средбата беа разгледани клучни теми поврзани со одбележувањето на големиот јубилеј – 80 години од доселувањето на Македонците во Војводина. Притоа беше прецизирана организацијата на свечената академија, на која домаќин ќе биде Покраинската влада, со присуство на претседателите на двете држави или претседателите на Влади.

Исто така, беше договорено и поставувањето на споменикот „Мајка Македонија“ во Нови Сад, како траен симбол на македонската национална заедница во Војводина, чиј покровител ќе биде Покраинската влада. Споменикот е авторско дело на вајарот магистер Синиша Новески.

Македонскиот национален совет изрази благодарност за континуираната поддршка и подготвеноста за институционална соработка во насока на зачувување и унапредување на националниот идентитет, културата и историското паметење на македонската заедница во Војводина.

Прикажи повеќе

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Погледнте и
Close
Back to top button