
Во спортската сала во Јабука, на 6-ти декември 2025 година се одржа хуманитарен концерт во организација на Културно-уметничкото друштво „Васил Хаџиманов“ и Здружението на Македонците „Илинден“ – Јабука. Настанот собра голем број љубители на фолклорот, традицијата и хуманоста, кои со своето присуство ја поддржаа заедницата и благородната цел – изградба на православниот храм Свети Илија во Јабука.




На концертот учество зедоа повеќе културно-уметнички друштва и групи од Јабука, Глогоњ, Котеж во Белград, Панчево и Омољица, кои со својата богата програма внесоа радост, енергија и силен дух на солидарност.
Присутна беше и претседателката на Македонскиот национален совет, Зорица Митровиќ, која ја изрази својата поддршка за ваквите настани што ја зајакнуваат македонската заедница и го негуваат културното наследство.


Хуманитарниот концерт уште еднаш покажа дека кога уметноста и добрината ќе се обединат – се создаваат дела што оставаат трага.



