Книжевно-новинарска работилница во ОУ Моша Пијаде во Гудурица

Во Основното училиште „Моша Пијаде“ во Гудурица се одржа уште една креативна работилница за учениците кои го изучуваат Македонскиот јазик со елементи на национална култура. Работилницата ја реализираше поетесата и новинарка Искра Пенева, која со децата истражуваше како зборовите стануваат приказна, песна, интервју или репортажа.

Децата создаваа оригинални плакати за работилниците, на кои со своја имагинација и многу боја ги претставија темите „музичка“, „ликовна“ и „новинарско–литературна“ работилница. Со радост, симболи, цртежи и пораки тие покажаа дека јазикот не е само предмет – туку простор за дружба, креативност и култура.

Секретарот на Советот, Марјан Јованоски, на учениците им подели учебници по Македонски јазик за прво, второ и трето одделение, како поддршка за нивната настава и ученичка љубопитност.
Активноста е дел од програмата за промовирање на македонскиот јазик и националната култура во училиштата во Србија, која Советот ја спроведува со посебно внимание и поддршка.




