ВестиИнформирањеКултураМакедонијаОбразование

Честитка по повод Свети Климент Охридски

Националниот совет на македонското национално малцинство во Република Србија со почит го одбележува денот посветен на нашиот најголем учител и просветител Свети Климент Охридски-основоположник на словенската писменост и чувар на духовните вредности на македонскиот народ.

Оддавајќи почит на неговото наследство, се потсетуваме на значењето на образованието, културата, јазикот и идентитетот – темели кои го определуваат континуитетот и на нашата македонска заедница во Србија и ја зацврстуваат врската меѓу генерациите.

Делото на Свети Климент и понатаму ни е патоказ и водилка во зачувувањето и унапредувањето на македонскиот јазик, култура и идентитет.

Нека ни е честит празникот на македонската писменост, култура и духовност!

За многу години и честит Свети Климент Охридски!

Прикажи повеќе

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Погледнте и
Close
Back to top button