ВестиОбразование

Музичка работилница во ОУ Доситеј Обрадовиќ во Пландиште

Во Основното училиште „Доситеј Обрадовиќ“ во Пландиште се одржа музичка работилница за учениците кои го изучуваат предметот Македонски јазик со елементи на национална култура. Работилницата ја водеше виолинистката Вероника Мона Богиќ, која преку звуците на виолината и интерактивен пристап ги воведе децата во светот на македонската музичка традиција, ритамот и емоцијата што музиката ја носи.

Настанот го збогатија со своето присуство претседателката на Националниот совет на македонската национална заедница во Србија Зорица Митровиќ, секретарот Марјан Јованоски, како и наставничката Ивана Вицикнез и директорот на училиштето Сава Дивљаков, кој изрази поддршка за продолжување на вакви активности кои го негуваат јазикот, културата и уметничкиот дух кај учениците.

Работилницата покажа дека музиката е универзален јазик кој ги спојува децата, ги охрабрува да ја чувствуваат културата, а истовремено ја развива нивната креативност, љубопитност и гордост на сопствените македонски корени.

Прикажи повеќе

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Погледнте и
Close
Back to top button