Хакерски напад врз порталот Мак Инфо – дел од објавите избришани, системот дополнително заштитен

Порталот Мак Инфо повторно беше цел на хакерски напад, поради што дел од објавите објавени во изминатите неколку месеци беа избришани од системот.
По утврдувањето на проблемот веднаш беа преземени мерки за стабилизирање и заштита на порталот. Во меѓувреме, платформата е дополнително надградена и обезбедена со нови безбедносни механизми со цел да се спречат слични инциденти во иднина.
Во наредниот период ќе работиме и на постепено обновување на дел од содржините кои беа избришани.
И покрај овој инцидент, Мак Инфо продолжува со својата мисија да информира за актуелностите поврзани со македонската заедница во Србија, како и за настаните од областа на културата, образованието и општествениот живот.
Се надеваме дека со дополнителните безбедносни мерки вакви ситуации повеќе нема да се повторуваат и дека читателите ќе продолжат непречено да ги следат содржините на порталот.



