Вести
Актуелно

Покраинска поддршка за работата на Македонскиот национален совет: потпишан договор за суфинансирање на активностите

Претседателката на Македонскиот национален совет во Србија, Зорица Митровиќ, денес во Нови Сад потпиша договор за суфинансирање на активностите на Советот од буџетот на Покраинската влада, наменет за националните совети на националните малцинства кои имаат регистрирано седиште на територијата на Автономната Покраина Војводина. Договорите ги врачија претседателот на Собранието на Автономната Покраина Војводина, д-р Балинт Јухас, и потпретседателот на Покраинската влада и покраински секретар за образование, прописи, управа и национални малцинства – национални заедници, Роберт Отот.

Од покраинскиот буџет за активности и функционирање на вкупно 17 национални совети во 2026 година се издвоени 90 милиони динари. Од овие средства, за Македонскиот национален совет се определени нешто повеќе од 3,5 милиони динари.

Средствата се наменети за покривање на постојаните трошоци и редовната дејност на Советот, како и за спроведување програми и активности во областите на образованието, културата, информирањето и службената употреба на македонскиот јазик и писмо.

Со оваа поддршка се овозможува натамошно унапредување на работата на Македонскиот национален совет, како и продолжување на активностите насочени кон зачувување и развој на јазикот, културата и идентитетот на македонската заедница во Србија.

Прикажи повеќе

Поврзани објави

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Погледнте и
Close
Back to top button