
И како што најавивме во наредниот период освртот ќе биде на шаховските варијации, конкретно во денешниот текст на таканаречениот “Шах 960”. Наведената шаховска варијација позната е и под името “Случаен шах на Фишер” или “Слободен шах”. Се работи за најпозната и најраспространета шаховска варијација презентирана од страна на поранешниот светски шампион Боби Фишер.
Правилата се слични како и во класичниот шах, само што фигурите во првиот ред се поставуваат во слободен стил, при што мора да бидат два различни ловци и кралот мора да биде позициониран помегу двата топа. Пионите се идентично позиционирани како во класичниот шах. Времето се лимитира во зависност од организаторот. Инаку називот 960 потекнува од бројот на можните позиции на почетокот на играта.
Прв званичен светски шампионат се одржал во 2019. година, при што првиот шампион беше Весли Шо. На шампионатот одржан во 2022. година титулата му припадна на Хикару Накамура.

Една од опциите за поставување на фигурите во “шах 960”

Рокадите се играт по ист принцип….но….сепак различно.
Во прилог е мечот помеѓу Левон Арониан и Магнус Карлсен – Freestyle Grand Slam Finals (2025)

Kako и да е ви предлагаме да ја пробате и оваа варијанта на шахот која станува се попопуларна и се позастапена на турнирите.



