„45. ШАХОСВКА ОЛИМПИЈАДА„
Во денешниот текст ќе се осврнеме на 45-та шаховска олимпијада која се одржa во Будимпешта, Унгарија во период од 10 до 23 септември 2024. година. Инаку шаховската олимпијада е меѓународен тимски шаховски настан организиран од страна Меѓународната шаховска федерација (ФИДЕ). Вкупниот број на учесници е 1.884 од што 975 во машка и 909 во Женската конкуренција. Бројот на пријавени тимови е 197 од 195 нации во машка конкуренција, односно 183 тимови од 181 нација во женска конкуренција.
Наградите се доделени во следните 19 категории:
• Најдобар шахист
• Најдобра шахистка
• Најдобар машки арбитер
• Најдобар женски арбитер
• Награда за 100 години за тренери на ФИДЕ (машки)
• Награда за 100 години на тренери на ФИДЕ (женски)
• Најдобар машки тим
• Најдобар женски тим
• Најдобар медиумски инфлуенсер
• Најдобар шаховски новинар
• Најнезаборавниот шаховски турнир на ФИДЕ
• Најнезаборавниот приватен шаховски турнир
• Книга на ФИДЕ – 100 години
• Најдобар фотограф
• Најдобар едукатор
• Општествено влијание на шахот
• Застапник за жените во шах
• Инклузивност
• Претседателска награда
Инаку олимпијадата заврши со целосна доминација на Индијците во екипна конкуренција, како во машка, така и во женка конкуреција. За најдобар шахист е очекувано прогласен Магнус Карлсен, а за најдобра шахистка Јудит Полгар. Мaшка шаховска репрезентација на Србија го освоји петото место, со 17 бодови во отворена конкуренција.
Во прилог е една интересна шаховска партија помеѓу Dommaraju Gukesh и Wei Yi.
https://www.chessgames.com/perl/chessgame?gid=2776016.
Според мене ова една од најинтересните шаховски партији на сите времиња.