БлогВестиКултура

24 мај – Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј

Македонската држава, македонскиот народ и македонските граѓани денес го одбележуваат Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј. Денот на двајцата просветители кои ги поставиле темелите на македонскиот јазик. Денот на двајцата браќа кои биле доследни, посветени и безкомпромисни во својата животна мисија и во своето животно дело. Денес, македонскиот народ и македонските граѓани ја изучуваат кирилицата како официјално писмо на македонскиот народ, на македонските граѓани, на македонската држава. Печатот и симболот со кој македонската државност е зацементирана, додека пак македонскиот народ единствен и посебен заедно со македонскиот јазик во однос на другите светски нации и народи.

Во актуелниве времиња постојат бројни предизвици. Младите се борат за гола егзистенција, повозрасните се борат да го зачуваат животниот стандард, додека пак најстарите мака мачат да скрпат крај со крај со своите мали пензионерски примања. И таа битка ќе трае. Ќе трае се додека живееме во општества во кои политиката е единствена игра во градот. Додека пак се криминалот, клиентелизмот и корупцијата основни двигатели во процесите на современите општества, ама двигатели во погрешна насока, во назадување наместо напредување, во ослабување, наместо во јакнеење.

Денес со истите проблеми се соочуваат и македонскиот народ и македонските граѓани, а со нив и малата македонска држава. Секојдневно мака мачат со економските предизвици и финансиски проблеми. Секојдневно мака мачат со безкурпулозните политичари кои се чинат, освен да се занимаваат со подоброто утре за своите сограѓани. Секојдневно мака мачат со корумпираниот и криминализиран систем кои не го препознава обичниот граѓанин, туку моќниците кои на различни недозволени начини се стекнале со политичка и економска моќ.

Денес македонскиот народ и македонските граѓани водат двострука битка: да го сочуваат своето економско и политичко достоинство; да го сочуваат своето национално, историско и јазичко достоинство. И баш затоа нема простор за пауза и откажување. Никој нема право на тоа. Доколку светите Кирил и Методиј не се откажале од својата мисија на образование, доколку Гоце Делчев не се откажал од својата мисија за независна и самостојна македонска држава, тогаш, ниту нивните современици и почитувачи на нивните дела немаат право на застанување. Ова не е битка во која ни е потребно оружје. Ова не е битка во која треба да се излие нечија крв. Ова битка во која треба да се избориме за своите граѓански и национални права. Ова е битка во која цврсто македонскиот народ треба да ја сочува својата историја, култура, традиција, јазик, азбука, држава и сето она што го чини посебен во однос на другите. Па така, во манирот на Гоце Делчев, на светското културно поле да ја покаже својата вредност и достоинство. Зачувувајќи, одрживајќи и унапредувајќи го сето она што го има и што го наследило. Затоа што почитувајќи го минатото, ја цементираме и иднината.

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button