
На свечена седница на 12 февруари 2025 година со интонирање на српската и
македонската химна, хорот на Музичкото училиште од Врање го отвори настанот со кој
беше одбележан 20-годишниот јубиулеј на здружението ,,Гоце Делчев” од Врање, после
што водителката ги поздрави сите гости и им посака добредојде на сите присутни.
На седницата се обратија претседателката на Извршниот одбор на Здружението „Гоце
Делчев“ Соња Величковиќ, директорот на Агенцијата за иселеништво на Македонија
Горан Ангелов, претседателката на Националниот совет на македонското национално
малцинство Србија Зорица Митровиќ и Стефче Стојковски во име на наградените.

За извонреден придонес во работата и афирмацијата на здружението беше доделено
највисокото признание на здружението „Златна плакета“ на градоначалникот на град
Врање, Др. Слободан Миленковиќ, Благоја Цивкаровски, Илија Андонов, Изабела Савиќ,
Стефче Стојковски, РТВ Фокус, а посмртно на Верка Ѓуваревиќ. Во исто време, беа
доделени благодарници за посебен придонес на Анастасија Стошиќ и Александра Савиќ.
Во рамките на програмата беше прикажан краток филм од 12 минути за јубилејот на
здружението, кој го опфати периодот од денот на формирањето до денешен ден.
Настанот беше дополнително збогатен со прекрасен настап на хорот на музичкото
училиште во Врање со македонски песни, со што беше ставен уште еден македонски
печат на одбележувањето на големиот јубилеј и крсната слава во македонското катче на
македонското здружение.


Голема благодарност за 20-годишното постоење, посебно на трпението на членовите и
без оглед на разликите кои постоеле, здружението секогаш се раководело од
статутарните и законските регулативи во Србија, а место и простор бил даден на секој
чесен Македонец и за секој пријател без разлика на национална и верска припадност,
затоа здружението опстанало и ќе продолжи со успех да функционира во иднина.
По повод јубилејот, благодарност беше упатена и до: Амбасадата на Македонија во
Србија, локалната самоупрва на град Врање во сите состави вклучително и овој состав,
Македонскиот национален совет во сите мандати од формирањето, НИУ МИИЦ на
поддршката во Македонска виделина, Агенцијата за иселеништво на Македонија,
Министерството за надворешни работи на Македонија, РТВ Фокус Врање, сите учесници
во проектните активности и членовите на здружението.
Со надеж и верба дека годините на постоење на здружението Гоце Делев од Врање ќе се
множат а успесите ќе се триплираат, присутните гости од срце го честитаа 20-годишниот
јубилеј.
Известува Пецо Ристески