ЗапознавањеИнформирање

15 години во етерот на Војводина

На денешен ден 17 декември се навршуваат 15 години откако од студиото на РТВ Војводина во рамките на втората програма за прв пат се емитуваше емисијата на македонски јазик „Македонско сонце”. По тој повод разговаравме со Златко Јанкуловски, уредник на емисијата.

МИ: Кога ќе се осврнете на изминативе години каков заклучок ви се наметнува? Дали емисијата го оправда своето постоење?

ЗЈ: Во изминативе 15 години реализирани се околу 750 получасовни емисии на македонски јазик. Реалноста дека емисијата се реализираше во континуитет 15 години без прекин е голем успех. Како и во секое творештво така и во создавањето на емисијата постојат успеси и падови, но се обидуваме да стремиме кон подобрување на квалитетот во секоја идна емисија. Самото постоење на емисијата на македонски јазик на Покраинскиот јавен сервис и можноста на информирање на својот мајчин јазик ја оправдува мисијата на „ Македонско сонце” со надеж дека во иднина ќе се овозможи проширување на емисиите на македонски јазик.

Пред 15 години – првата редакција на емисијата – со тогашниот македонски амбасадор Виктор Димовски

МИ: Колку форматот на получасовната емисија која премеирно се емитува еднаш неделно, може да биде информативна , правовремено да ги информира припадниците на македонската заедница во Војводина за прашања кои се од нивен посебен интерес?


ЗЈ: Во денешно време на социјални мрежи и интернет портали кои информациите ги проследуват со брзина на молња, емисијата која што се емитува еднаш неделно не може да ги информира правовремено своите гледачи. Со оглед на тоа ние се обидуваме да се концентрираме кон зачувувањето и презентирањето на македонската култура, јазик и обичаи кај Македонците од овие простори.

МИ: Со какви проблеми и потешкотии се справувате во подготовката и уредувањето на емисијата ?


3Ј: Покрај проблемите кои се предизвикани со пандемијата на Ковид 19, еден од најголемите проблеми е и недостаток на кадар, според моето мислење не е реално една особа да ја реализира целата емисија и во исто време да се справува со новинарската, организаторската и уредувачката работа. Се надеваме дека за брзо време ќе ги надминеме тие потешкотии и со соодветен тим поуспешно ќе тргнеме со реализирање на програмата на македонски јазик.

МИ: Како се одвива соработката со Македонскиот национален совет и со другите здруженија и струковни организации? Дали сте задоволни?


ЗЈ: Со оглед на оваа несекојдневна ситуација со пандемијата во која се намалени повеќето активности како на Националниот совет, така и на здруженијата, соработката е на завидно ниво, секако со нормализација на здравствената состојба како кај нас така и во целиот свет оваа соработка ќе биде уште подобра.

МИ: Што според вас може да биде лековит импулс за подобрување на квалитетот и збогатување на содржините, односно телевизиските прилози?


ЗЈ: Како што и истакнав во одговорот на некое од предходните прашања тоа е оформување на тим млади луѓе со чии идеи и реализација на новите содржини во прилозите ќе се доближиме и до помладата публика, која преку тие содржини ќе ја доближиме до македонскиот јазик, култура, обичаи, традиција која според мене тоа е и целта на емисијата на македонски јазик “Македонско сонце”.

На крајот од разговорот, го честитаме јубилејот со желба за уште многу успешни прилози и гледачи во иднина! Среќно!

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Погледнте и
Close
Back to top button