ВестиОбразование
Филмска проекција и новогодишни пакетчиња за децата што го изучуваат македонскиот јазик во Лесковац
Јубилејот 10 години од воведувањето на Македонскиот јазик со елементи на националната култура во образовниот систем во Србија одбележан е денес и во Лесковац, со учениците од основните училишта “Коста Стаменковиќ” и “Бора Станковиќ” од Богоевце и нивните наставници, во Културниот центар на Лесковац.
Скоро 200 ученици присуствуваа на проекцијата на современиот македонски детски филм “Стела” кој Националниот совет го обезбеди во соработка со Македонската кинотека.
По проекцијата, на децата им се поделени новогодишни пакетчиња обезбедени од компанијата Витаминка од Прилеп и Форумот на млади Македонци.
Пакетчињата ги поделија Ивана Цветковиќ, членка на Советот и наставниците Ивана Стојановски Станковиќ, Сања Ристиќ и Александра Арсиќ.