Јавно претставена Стратегијата на Македонскиот национален совет

Во Архивот на Војводина во Нови Сад на 12 февруари 2026 година, успешно беше одржано јавното претставување на Стратегијата на Македонскиот национален совет за периодот 2026–2031 година.

Настанот го отвори и го модерираше секретарот на Советот, Марјан Јованоски. Присутните ги поздрави директорот на Архив Војводине, др Небојша Кузмановиќ, како и амбасадорот на Македонија во Србија, др Никола Тупанчески.




Вовед во Стратегијата даде Марјан Јованоски, а четирите области на делување – образованието, културата, информирањето и службената употреба на јазикот – ги претстави претседателката на Советот, Зорица Митровиќ.


Со поздравни обраќања на настанот се обратија и министерот за човекови и малцински права и општествен дијалог Демо Бериша, како и поранешниот претседател на Република Македонија др. Ѓорѓе Иванов.




Стратегијата 2026–2031 претставува клучен документ за унапредување на положбата и институционалното јакнење на македонската национална заедница во Република Србија во наредниот петгодишен период.



